петок, 25 октомври 2024

Ивановски загуби во првото коло на челинџерот во Хамбург

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во германски град Хамбург кој се игра за награден фонд од 36.000 евра.
 

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски загуби од холандскиот тенисер Јеле Селс со 2-0 во сетови, 6-2 и 6-4. Мечот траеше еден час и 27 минути.

Ивановски освои само два гема во првиот сет против 449. тенисер на АТП-листата, додека во вториот сет беше за нијанса подобар, но не дозволно за да направи пресврт.

Македонецот во моментов се наоѓа на 305. место на АТП-листата и тоа е негов најдобар пласман во кариерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ