сабота, 27 јули 2024
„Македонија Опен“

Ивановски: Среќен сум што ќе играм во Скопје, дојдете да ми дадете поддршка!

Објавено на

часот

Сподели

На турнирот настапува и нашиот најактуелен тенисер во моментов, Калин Ивановски кој побара поддршка од навивачите.

„Пресреќен сум што ќе играм на силен турнир во Скопје и ќе дадам се од себе за што подобар резултат. Знам голем број од учесниците и верувам во сопствениот квалитет. Апелирам до љубителите на тенисот во што поголем број да дојдат и да ми дадат поддршка. Играњето пред домашната публика е мотив плус за подобар резултат“, изјави Ивановски.

Ивановски турнирот го почнува утре од 13 часот, противник му е Хрватот, Дино Призмиќ.

„Добро сум подготвен и очекувам добар меч утре. Со Дино се познаваме добро и мислам дека ќе биде убав меч за гледање“, напомена Калин Ивановски.

Првиот човек на Тениската федерација на Македонија, Александар Ивановски вели дека турнирот има посебен белег затоа што ќе играат дел од најдобрите младинци во тенисот во овој момент.

„Кога аплициравме за турнирот и да биде во рангот на Челинџер 75 им го презентиравме нашиот план во АТП. Тоа е овој турнир од ова ниво сега е единствениот во светот, но турнирот има посебен белег затоа што 10 најдобри младинци се тука во Скопје, како Мили Пољичак од Хрватска победник на јуниорски Вимблдон, потоа Мартин Ланадалусе од Шпанија победник на УС Опен, Кампана Ли од Кореја, секако и нашиот Калин Ивановски. Овој турнир ќе ги собира најдобрите младиници и ќе се одржува во овој период и следните години, особено што оваа недела се играат квалификациите за Ролан Гарос“, истакна претседателот на Македонската тениска федерација Александар Ивановски.

Денеска во квалификациите играше македонскиот тенисер Обрад Марковски кој загуби од Карол Држевиецки од Полска со 2-0 (6-2 и 7-5) и не успеа да се пласира на главниот турнир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ