Ивановски ја оствари својата прва победа на Челинџер турнир откако го совлада противникот Јонел кој е на 192. место на АТП листата, речиси 180 позиции подобар од нашиот тенисер.
Романецот го доби првиот сет со 6-4, а во вториот Ивановски успеа да спаси две меч топки и во тајбрејк со 7-4 да израмни на 1-1. Во третиот решавачки сет, нашиот тенисер победи со 6-2 за триумф од 2-1 во сетови.
Во второто коло Ивановски за противник ќе има уште еден Романец, Филип Кристиан Јиану кој е рангиран на 312 позиција на АТП. Тој денеска во два сета со убедливи 6-2 и 6-1 го совлада Французинот Енцо Куаку од Франција кој беше седми носител на турнирот.