Ивановски е втор носител на турнирот, Македонецот денеска се сретна со тенисер кој е речиси четирипати послаб од него според ранкингот. Не му беше тешко да дојде до победата.
Ивановски во првиот сет загуби само еден гем, а во вториот беше перфектен. Беше 6-1 и 6-0.
Во осминафиналето, Ивановски за противник повторно има австриски тенисер, Сил Гаџери(18 години), кој на турнирот настапува со вајлд карта и во првото коло беше подобар од својот сонародник Грегор Хаусбергер со 2-0 во сетови (63 62).
Во конкуренција на двојки Ивановски заедно со Елдин Хусеиновиќ утре ќе играат против италијанско-американската комбинација Томасо Карневале Мино и Сем Лејпидес.