петок, 18 октомври 2024

Ивановски пред утрешниот настап: Подготвен сум за предизвикот, сакам цела Македонија да ужива

Утре ќе настапи и последниот македонски натпреварувач на Олимписките игри во Париз, атлетичарот Дарио Ивановски ќе трча на маратонската трка.

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски вели дека е максимално подготвен и очекува да заврши меѓу првата половина на натпреварувачи на трката.

„Целиот живот се подготвувам за овој настап. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Мојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвен за предизвикот. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам добра трка. Сакам цела Македонија да ужива“, изјави Ивановски.

Маратонската трка низ улиците на Париз започнува утре (сабота) со почеток од осум часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ