петок, 18 октомври 2024

Ивановски поразен во првото коло во Бања Лука, Македонецот никако да го победи Табу

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски уште во првото коло е елиминиран на Челинџер 100 турнирот во Бања Лука кој се игра со награден фонд од 118.000 евра.

Македонскиот тенисер играше со познат противник за него кој никако да го победи. Третпат губи од Клеман Табу.

Иако мечот заврши во два сета, Ивановски беше блиску до победа, но сепак загуби. Во двата сета се играше тајбрејк. Првиот го загуби со 7-4, а вториот со 7-3.

За Ивановски следниот настап е на челинџер турнирот во Полска (Гроджиск Мазовиецки).
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ