четврток, 24 октомври 2024

Ивановски падна за 16. места на новата АТП листа

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има назадување на најновата АТП листа, добар скок има Магдалена Стоилковска на ВТА листата.
 

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски падна за 16 позиции на АТП листата и сега се наоѓа на 325. место со 159 поени, односно 14 помалку од претходното рангирање.

Горазд Србљак со пад од седум позиции е на 1.054 место, назадување од седум места има и Обрад Марковски кој е на 1.465 позиција. 

Оваа недела ранг под македонско знаме има и 22-годишниот Мејсон Наумовски кој е на 1.987 место.

Во конкуренција на двојки, Калин Ивановски има пад од пет места и во моментов е на 674. место.

Магдалена Стоилковска напредуваше за 33 позиции на ВТА листата, сега се наоѓа на 1.230 место.

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорчевска има пад од три места и сега е на 215. позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ