петок, 18 октомври 2024
Не можел да го прикаже најдоброто од себе во Париз

Ивановски откри зошто истрчал 20 минути послабо: Имав мала повреда на стапалото и коленото

Македонскиот маратонец, Дарио Ивановски објасни зошто трката на Олимпискити игри во Париз ја истрчал со 20 минути послабо време од неговото најдобро, имал мала повреда на стапалото и коленото.

Објавено на

часот

Сподели

Дарио Ивановски беше последниот македонски олимпиец со настап во Париз, утрово трчаше маратон и финишираше на 69. место, со време послабо за околу 20 минути од неговото најдобро во кариерата.

По крајот на трката, тој изрази благодарност за поддршката и откри дека се мачел со повреда и не можел да го прикаже најдоброто од себе.

„Почитувани Македонци, би сакал да се заблагодарам за поддршката на овој маратон и во подготовките за овие Олимписки игри. Штом ќе се заврши еден маратон, тоа само по себе е успех. Имав мала повреда на стапалото и коленото кои од шестиот километар не ми дозволија да продолжам со исто темпо како што почнав“ – рече Ивановски.

„Сепак, го дадов максимумот, сега следува период на рехабилитација и фокус на следните цели. Веројатно сите, па и јас имавме поголеми очекувања, јас уште верувам дека можев  подобро. Тоа што истрчав 20 минути послабо време покажува дека нешто ми се случувало, а тренинзите пред оваа трка покажуваа дека сум бил подготвен и за подобар резултат од моето најдобро време. Се надевам дека на следните трки ќе го видите стариот Дарио“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ