По двете победи на Челинџер турнирот во Романија, Ивановски напредуваше за 39 места на последното рангирање на АТП.
Најдобриот македонски тенисер, сега е на 331. место во светот. Од останатите наши тенисери Горазд Србљак има пад од 39 позиции и сега е на 1.132., како и Обрад Марковски, кој е на делба на 1.227. место.
На врвот нема промени во топ-10, со тоа што Карлос Алкараз ја зголеми предноста пред Новак Ѓоковиќ и сега има 900 бода повеќе од него.
На ВТА-листата, пак, Лина Ѓорческа напредуваше 25 скалила и сега го држи 224. место на светот, додека Магдалена Стоилковска застана на 1.367. позиција, по падот од осум места.