петок, 18 октомври 2024

Ивановски на 69. место го заврши маратонот на Олимписките игри во Париз

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски имаше 21.49 минути зад Тамират Тола од Етиопија кој победи на маратонот во Париз со нов олимписки рекорд.

Објавено на

часот

Сподели

Од 81 натпреварувач кои го почнаа маратонот, нашиот Дарио Ивановски заврши на 69. место со време од 2:28,15.

Олимписки шампион со олимписки рекорд беше Тамират Тола од Етиопија. Тој маратонската трка ја заврши со 2:06,26. Среброто му припадна на Башир Абди од Белгија со 20 секунди послабо време, додека последното место на пиедесталот беше за Бенсон Кипруот од Кенија со време од 2:07,00.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ