петок, 18 октомври 2024

Ивановски го освои турнирот во Австрија

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски лесно го доби финалето, во меч кој траеше 68 минути, тој беше подобар од Ли со 6-2 и 6-2.

За Ивановски ова е втора турнирска победа оваа година, првата беше во Скопје. И двете победи му се на турнири со награден фонд од 25.000 долари.

Ова е негова вкупно петта турнирска победа, минатата година имаше три победи на турнири со награден фонд од 15.000 долари (мадрид, Хераклион и Монастир).

За победата на овој турнир Ивановски ќе добие 25 поени.

Следниот настап нашиот тенисер би требало да го има на Челинџер турнирот во Бања Лука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ