Ивановски со скок од 30 позиции се најде на 306. место на најновата АТП ранг листа. Напредокот се должи на освоениот фјучрс турнир во Крамсах од минатата недела.
Оваа недела Ивановски настапува на Челинџер 100 турнирот во Бања Лука.
Од другите наши тенисери, Србљак е на 1.130. место, тој има пад од две позиции. Обрад Марковски е на 1.220. место со напредок од пет позиции.
На врвот на АТП листата е Карлос Алкараз, следува Новак Ѓоковиќ, а во топ 10 се уште и Данил Медведев, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Тејлор Фриц и Франсес Тиафо.