Ивановски ја доби довербата на денешното изборно собрание, на кое беше одлучено и да се зголеми бројот на членови во Управниот одбор од девет на единаесет.
Новиот мандат на Ивановски е со трајност до 2027 година.
Управниот одбор ќе го сочинуваат: Александар Ивановски (претседател), Горан Рафајловски (потпретседател), Љубиша Давидовиќ, Сашо Наумоски, Зоран Антиќ, Јован Мариќ, Миле Атанасов, Љупчо Манџуков, Александар Медарски, Ана Бураку и Билјана Калчовска.
Надзорниот одбор го сочинуваат: Ерол Хасан (претседател), Хари Локвенец и Миливој Крстески.