четврток, 2 јануари 2025

Ивановска: Ристовска да поднесе оставка од членството во ДКСК, а обвинителството да отвори случај

Членката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Цвета Ристовска, ако има и малку морал, треба веднаш да поднесе оставка. Ова синоќа го истакна поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска во интервју за ТВ Сител. Ристовска го работеше случајот со дипломата на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, по што беше објавено дека таа соработувала со факултетот од каде што шефот на тајната полиција има диплома.

Објавено на

часот

Сподели

Ристовска била професорка на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата од каде што е и дипломата на првиот човек на АНБ, Бојан Христовски

Ако ДКСК сака да ја врати довербата кај граѓаните, предметот веднаш треба да биде отстапен кај друг член на Комисијата, а не тој и понатаму да биде во рацете на Ристовска, смета Ивановска и додава дека ова е веќа работа на обвинителството кое треба да го преиспита случајот.

ДКСК тврдеше дека Ристовска не е дел од наставниот кадар на приватниот Универзитет за туризам и менаџмент, но дека сепак имала соработка на ниво на гостин-предавач.

„Требало да биде изземена веднаш, затоа што имала деловни односи со факултетот, без оглед дали е паричен надомест или не. Штом веќе имала деловен однос, тоа претставува ризик за одлучување. Следниот ден беше избришана од наставниот кадар на веб-страницата на факултеот, па додадена и ова пиши-бриши ја повредува интелигенцијата на граѓаните“, рече Ивановска.

Според ДКСК, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојaн Христовски, на функцијата е именуван согласно законските услови.

Антикорупционерите на седница минатата недела со мнозинство гласови одлучија да ја запрат, да ја затворат и архивираат постапката по иницијативите со кои се спореше именувањето на Бојан Христовски поради неговиот ТОЕФЛ-сертификат за познавање на англискиот јазик, како и за дипломата од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ