Ивановска најави дека на овој предмет ќе му дадат особено значење со цел, како што нагласи, да ја извадат на виделина вистината.
„Кај нас е отворен предмет, во фаза сме на прибирање на потребната документација. Поради специфичноста на предметот, на него ќе работи тим и од советници и од членови на ДКСК, значи ќе му дадеме особено значење и внимание сѐ со цел вистината да ја извадиме на виделина и резултаите ќе ги соопштиме на јавна седница“, изјави Ивановска на годишната конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси од 2021 до 2025 година.
Покрај ДКСК и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас.