сабота, 27 јули 2024

Иванов се радуваше, честиташе и беше главен во фан-зоната (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Ѓорге Иванов беше во соблекувалната со ракометарите пред мечот со Полска, бучно навиваше за нив за време на средбата, а по големата победа се симна повторно долу и им го честиташе триумфот на избраниците на селекторот Звонко Шундовски. На крајот, тој беше главен во навивачката зона.

„Горд сум со момците и горд сум со победата за Македонија. Многу се радував. Многу ми е жал што в среда нема да присуствувам на мечот со Србија, поради работни обврски“, изјави по големата победа над Полска, претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Тешко можеше да се опише радоста на македонските навивачи во „Белградска арена“, која потоа продолжи да се искажува низ улиците на белградската престолнина. Неописива беше радоста и кај ракометарите, кои останаа во игра за место во полуфиналето како и за место во квалификациите за ЛОИ 2012 во Лондон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ