сабота, 27 јули 2024

Иванка Василевска: Милијардерите од ДУИ мора да бидат запрени

ДУИ ги изневери очекувањата на албанскиот електорат и за сметка на тоа имаме милијардери што се врвот на картелот на ДУИ, за нивниот криминал не може да се молчи, рече за ТВ Телма Иванка Василевска, пратеничка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Според пратеничката Василевска, никој не може веќе да премолчи толкав криминал како кај ДУИ, бидејќи тој бил и е заштитен и од институциите на државата. „Тоа не може да трае.“

„Сите што се огрешиле и ја злоупотребиле политичката моќ треба да се посочат за да не го повторуваат тоа“, рече Василевскa.

Таа рече дека сега цел на власта се личните, партиски интереси, и дека се нема чувство за државотворност.

„Денеска етницитетот се злоупотребува за сметка на други криминални дејства и криминалите си продолжуваат. Ние, на пример, не треба да бираме дали за некоја функција некој треба да е Македонец или Албанец, туку треба да се гледа дали тоа е личност што одговара на функцијата, односно дали знае или не да ја извршува таа функција, дали знае да одговори на обврските“, изјави Василевска.

Таа посочи дека во Македонија има ситуација во која ДУИ е милијардерска партија и се однесува како стопан на државата.

„Таму речиси сè е во тешка пирамидална ситуација и сѐ се прави тие да излезат од криминалот во кој се заглавени“, рече пратеничката Василевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ