сабота, 27 јули 2024

Итна средба меѓу Туск, Шолц и Макрон за Украина

Полскиот премиер Доналд Туск, германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретнат во петок во Берлин на итно договорени разговори за помошта за Украина, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Средбата ја најави Туск, а ја потврди и извор од германската влада. Тоа ќе биде прва средба на високо ниво на „Вајмарскиот триаголник“, платформа за политичка соработка меѓу Германија, Франција и Полска воспоставена во 1991 година, откако Туск се врати на чело на полската влада минатата година.

„Разговарав со претседателот за тоа како да ги мобилизираме партнерите во Европа“, рече Туск доцна во вторникот по разговорите со Џо Бајден во Вашингтон. „За петок е свикан итен состанок на Вајмарскиот триаголник“, додаде тој.

Шолц и Макрон прво ќе разговараат одделно пред да му се придружат на Туск.

Средбата доаѓа во време на тензии меѓу француското и германското раководство за повеќе прашања, особено политиката кон Украина. Макрон неодамна предизвика вистинска бура со изјавите дека не исклучува распоредување на копнени сили во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ