сабота, 27 јули 2024

Итна реакција по убиството на 500 Палестинци: Престанете со насилството

Канцеларијата за човекови права на ОН денеска во соопштение го повика Израел да го запре насилството врз палестинското население на Западниот Брег.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Канцеларијата нагласи дека на окупираната палестинска територија, израелските безбедносни сили и еврејските доселеници убиле повеќе од 500 Палестинци од почетокот на израелската војна во Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека Израел употребил „непотребна и непропорционална“ сила на Западниот Брег, Канцеларијата го осуди, како што е наведено, систематското одбивање медицинска помош за Палестинците, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на израелската агресија на Појасот Газа, насилството се прошири и на Западниот Брег, каде израелските сили извршија неколку илјади апсења. Набљудувачите на ОН за човекови права детално проучувале 80 случаи меѓу 505 документирани смртни случаи на Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври, во кои Израел соопшти дека околу 1.200 лица биле убиени и околу 250 киднапирани.

Проучените случаи покажаа „постојани прекршувања на меѓународното право за човекови права за употреба на сила од страна на ИСФ (Израелските безбедносни сили) преку непотребна и непропорционална употреба на смртоносна сила и зголемување на очигледно планираните целни убиства“, рече високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк.

Во истиот период, 24 Израелци биле убиени во судири или пријавени напади на Палестинци од Западниот Брег, се вели во соопштението на ОН. Во соопштението се наведува дека некои од убиените се палестински деца, кои носеле камења или петарди и „очигледно не претставувале непосредна закана по нивните животи“.

Голем број од оние кои загинале откако биле застрелани во горниот дел од телото, заедно со одбивањето медицинска помош за повредените, укажува на намера за убиство, се вели во соопштението.

„Широката неказнивост за ваквите злосторства е вообичаена работа на окупираниот Западен Брег предолго. Таквата неказнивост создаде поволна средина за сѐ повеќе и повеќе незаконски убиства од страна на ИСФ“, оцени Тирк.

Насилството од страна на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег е извор на зголемена загриженост меѓу западните сојузници на Израел и голем број земји, вклучувајќи ги и САД, кои воведоа санкции за насилните доселеници и го повикаа Израел да стори повеќе за да ја запре агресијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ