сабота, 27 јули 2024

Италијанските власти откриле албанска мрежа дилери на дрога, имале и подморница за шверц

Италијанската полиција соопшти дека е откриена албанска мрежа на дилери на дрога која тестирала подморница на далечинско управување, која веројатно планирале да ја користат за шверц на наркотици.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата се наоѓала во околината на Торино, а членовите се осомничени за трговија на „значително количество“ кокаин, хашиш и марихуана, се наведува во полициското соопштение.

Во текот на истрагата, која траела меѓу 2021 и 2022, полицијата запленила повеќе од 204 килограми дрога.

Малата дрон-подморница, која бандата ја дизајнирала и тестирала, сè уште не е оперативна, пренесува Ројтерс.

Полицијата не објаснила зошто на јавноста дури сега ѝ е откриена истрагата, но кажале дека се случиле неколку апсења.

Полицијата ја открила групата, која наводно ја воделе двајца браќа кои се албански државјани, по истрагата за оператори на сервиси за миење коли, кои се бавеле со одгледување марихуана.

Шверцерите работеле и во Еквадор, Белгија, Франција и Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ