сабота, 27 јули 2024

Италијански воздухопловни сили ќе партолираат над македонското небо

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот што следува, како што посочуваат од МО, ќе се пристапи кон усогласување на техничкиот аранжман помеѓу двете држави, по чие потпишување официјално и Италија ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо. Патролирањето ќе се реализира помеѓу македонските, грчките и италијанските воздухопловни сили во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана. 

Како дел од најголемиот воено политички сојуз, патролирањето над македонското небо е дел од одбранбената мисија на НАТО алијансата за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на македонските граѓани.

Од МО потсетуваат дека во текот на 2019 година е донесена првата одлука за Воздухопловно патролирање, по што следуваше потпишување на технички аранжман со Република Грција.

„Ова е мирновремена мисија која вклучува употреба на Систем за набљудување и контрола, како и соодветни средства за противвоздушна одбрана и воздухоплови за пресретнување со цел зачувување на интегритетот на националниот воздушен простор“, потенцираат од Министерството за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ