За разлика од традиционалната верзија од 10 страници, изданието направено од вештачка интелигенција е наречено Ил фољо АИ и има четири страници. Верзијата е достапна и онлајн.
Експерименталното издание е дистрибуирано бесплатно со конвенционалното издание кое на киосците чини 1,80 евра.
Планот е вештачката интелигенција да генерира наслови, да составува кратки содржини и да одбира клучни цитати. „Ние новинарите само ќе ги поставуваме прашањата“, пишува весникот и додава дека новинарите ќе ги прегледуваат сите текстови.
Целта е „да се трансформира вештачката интелигенција од гасовите состојба – што претставува теоријата – во цврста состојба, каде станува практична и употреблива“. На крајот на овој експеримент, уредничкиот тим планира да објави какво влијание имал експериментот врз нивниот начин на работа.
Основан во 1996 година, весникот е еден од помалите италијански национални дневни весници. Според новинарите, Ил фољо е првиот печатен весник во светот создаден само со помош на вештачка интелигенција. Разни портали на интернет веќе експериментираат со сајтови целосно изработени од вештачка интелигенција.