Мажите од Египет и Бангладеш минатата недела во Средоземно Море ги собрала италијанската морнарица и потоа ги одвезла во Албанија за решавањето на барањето за азил.
Пет барања се вее одбиени, но италијанските судии ги одложиле нивните депортации.
Двата центри за баратели на азил без отворени во Албанија минатиот месец, но од тогаш главно зјаат празни.
Првата група мажи, исто така од Египет и Бангладеш, требаше да биде доведена во октомври, но овозможено им беше да отидат во Италија откако италијанските судови проценија дека ни Египет ни Бангладеш не може да се сметаат за безбедни држави, што е услов за процесирање во албанските кампови.
Владата на десничарската премиерка Мелони во меѓувреме со декрет усвои нова листа од 19 наводно безбедни држави, вклучувајќи ги тие две земји, но италијанскиот суд побара да се провери легалноста на таа одлука пред Европскиот суд на правдата. Европското право не ги смета ни Бангладеш ни Египет за безбедни земји.
Италија е првата членка на Европската Унија која обработува барања за азил надвор од територијата на ЕУ. Други членки на европскиот сојуз внимателно ја следат ефикасноста на планот на италијанската премиерка бидејќи размислуваат за сличен пристап.
Мелони и Рама минатата година објавија дека постигнале договор за сместување до три илјади нелегални мигранти спасени во Медитеранот во два центри во Албанија. Италијанската премиерка се надева дека низ камповите годишно ќе минат до 36 илјади мигранти, а целата шема треба да чини 800 милиони евра за пет години.