Имам Келиф е една од двете боксерки за кои е утврдено дека имаат машки хормозоми, но им е дозволено да учествуваат на Олимписките игри.
Откако го предаде мечот Италијанката изјави дека никој досега толку силно не ја удрил, по што покрена лавина реакции и напади кон боксерката од Алжир и Меѓународниот олимписки комитет.
Се покрена голема дебата дали Алжирката е машко или отсекогаш била девојка, дали треба да се бори поради машките хормозоми кои ги има.
Карини одлучи да ја смири топката и јавно се извини преку „Газета дело Спорт“.
„Целата оваа контроверзија ме прави тажна. Жал ми е и за мојата противничка исто така. МОК вели дека таа може да се бори и јас ја почитувам таа одлука“, вели Карини.
„Предавањето на мечот не беше нешто што имав намера да го направам. Сакам да ѝ се извинам. И на неа и на сите други. Бев бесна бидејќи сите шанси на игрите ми исчезнаа пред очите. Доколку повторно се најдам во рингот со Клиф, ќе ја гушнам“.