вторник, 10 декември 2024

Италија за одлуката на Америка и Германија: Уставот ни го забранува тоа

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека Украина нема дозвола од Италија да користи оружје доставено од таа земја за да гаѓа цели на територијата на Руската Федерација.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украина може да користи италијанско оружје исклучиво „за да го одбие рускиот напредок и да ја гарантира слободата на земјата“.

Тајани изјави дека Италија ја отфрла војната и дека не може да обезбеди оружје за напад на Русија на територијата на таа земја, пренесува римскиот весник Фато Котидијано.

„Италијанското оружје може да се користи само на територијата на Украина за да се одбие рускиот напредок и да се гарантира слободата на земјата. Едно е да се користи ова оружје на окупирана територија, едно е да се брани Украина, друго е да се каже дека сме во војна со Русија“, рече тој.

Министерот за одбрана Гидо Крозето изјави дека италијанскиот устав ѝ забранува на Италија да и дозволи на Украина да гаѓа руска територија.

„Примената на членот 11 од нашиот Устав наметнува предупредувања за употребата на оружјето што и го даваме на Украина: тоа мора нужно да се користи за одбрана на Украина, што значи напади врз Русите во Украина, но не може да се користи на територијата на друга земја. Ова е мое мислење кое го делат премиерот и министерот Тајани“, изјави Крозето.

Вчера западните медиуми објавија, повикувајќи се на американски официјални лица, дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ дала дозвола на Украина да користи американско оружје во нападите на Русија, но само во близина на регионот Харков.

Германија, исто така, денеска објави дека ќе дозволи Украина да користи германско оружје за да напаѓа цели внатре во руските граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ