сабота, 27 јули 2024

Италија врати во Либија 485 мигранти кои се обиделе да го преминат Средоземното Море

Објавено на

часот

Сподели

„Либија не е безбедна земја, затоа мигрантите никогаш не требаше да бидат вратени таму“, напиша на Твитер портпаролот на Меѓународната организација за миграција, Флавио ди Џакомо. Станува збор за 485 мигранти кои биле истоварени во либиското пристаниште Бенгази, изјавил Ди Џакомо за Ројтерс, но сѐ уште не бил запознаен со деталите.

Контактот со бродот што ја превезуваше споменатата група мигранти е изгубен во средата наутро, извести хуманитарното здружение Аларм фоун, кое ги собира повиците за помош од загрозени бродови со мигранти и ги проследува до надлежната крајбрежна стража. Во меѓувреме, бродот пловел во морето на 320 километри северно од Либија и повеќе од 400 километри од Малта или италијанскиот остров Сицилија.

Италијанската Крајбрежна стража во четвртокот објави дека во две одделни интервенции спасила 423 и 671 мигрант во италијанските води, но Аларм фоун забележува дека споменатите спасувачки акции не се поврзани со бродот со кој изгубиле контакт во средата. Италијанската крајбрежна стража немаше коментар за мигрантите вратени во Либија.

Во друг одвоен случај, германското хуманитарно здружение СОС Хуманост го привлече вниманието на 27 мигранти кои во морето ги презеде екипаж на еден танкер, по што илегално биле вратени во Либија.

Според меѓународното хуманитарно право, мигрантите не смеат, против нивна волја, да бидат вратени во земји каде што им се заканува нехуман третман, што беше забележано во повеќе наврати во горе споменатата северноафриканска земја.

Европските влади во се поголем број ја заоструваат мигрантската политика, вклучително и италијанската влада, која се соочува со зголемување на бројот на мигранти кои пристигнуваат во земјата по морски пат. Во првите пет месеци од годинава се забележани 47 илјади пристигнувања што е за 18 илјади повеќе од истиот период лани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ