сабота, 27 јули 2024

Италија воведе контроли на границата со Словенија и со Австрија

Италија воведе контрола на границата со Австрија и со Словенија и на граничните премини го запира приближно секое десетто до петнаесетто возило, a понекаде контролите уште не се воспоставени.

Објавено на

часот

Сподели

Кај Фернетич на словенечка страна на границата се создаде помала колона, јавува Приморски дневник, пренесува Н1.

Таму италијанската полиција ги запира главно возилата со затемнети стакла, комбињата и возилата што може да кријат лица или предмети, пренесе АНСА.

На премините Репентабр и Шкофије во 14 часот немало контроли, пренесува СТА.

Италија воведува контроли поради променетата безбедносна ситуација во Европа и на Блискиот Исток, а суштината на таа привремена мера е превенција на тероризмот и организираниот криминал.

За надзор на границата со Словенија се ангажирани дополнителни 350 полицајци и војници кои ќе им помагаат на тамошните сили за безбедност.

Контролата на поголемите гранични премини ќе се одвива 24 часа дневно, додека на помалите ќе биде повремена.

Контролата ќе трае до 30 октомври, а за 2 ноември Италија планира состанок со претставниците на словенечките и на хрватските власти во Трст, на кој ќе се разговара за граничните контроли, јави австриската новинска агенција АПА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ