Италијанците беа благ фаворит против Тунис, но никој не очекуваше доминација од нив каква што ја прикажаа.
Дека тие ќе бидат победникот на овој меч стана јасно уште во првото полувреме кое го добија со 17-11. Во вториот дел само ја одржаа предноста за на крајот да слават со конечни 32-25.
Најефикасен во составот на Италија беше Прантнер со 10 голови, кај Тунис Бен Абдалах постигна шест.
Ова беше првиот меч на Светското првенство, а во меѓувреме се одигра и дуелот меѓу Франција и Катар кој очекувано го добија Французите со огромни 37-19.
Македонија својот прв меч го има утре (среда) со почеток од 20:30 часот против селекцијата на Унгарија.