петок, 18 октомври 2024

Италија спаси три меч топки и со голем пресврт ја победи Јапонија за полуфинале на ОИ

Јапонија може да жали, пропушти три меч топки и загуби од Италија која оди во полуфиналето на одбојкарскиот турнир од Олимписките игри.

Објавено на

часот

Сподели

Јапонците беа на прагот на изненадување, првите два сета ги добија со 25-20 и 25-23. Во третиот сет водеа 24-21, имаа три меч топки кои не ги искористија, Италија направи голем пресврт и го доби сетот со 27-25 и намали на 2-1.

Следниот сет Италијанците го добија со 26-24 и изедначија на 2-2. Решавачкиот петти сет Италија го доби со 17-15 и победи со 3-2.

Италија во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ