Италијанската фудбалска федерација потврди дека ја прифатиле оставката на Роберто Манчини која тој ја поднел доцна синоќа.
Во наредните денови тие ќе го соопштат името на новиот селектор.
Италија на 9. септември гостува во Скопје на меч против Македонија во рамките од квалификациите за Европското првенство. Тоа ќе биде нивниот прв меч со новиот селектор.