сабота, 27 јули 2024

Италија предлага мировен план за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Ди Мајо вчера му го претставил својот план на Гутереш во Њујорк, додека неговата содржина им била прикажана и на лидерите на Г7 и групата Квинт (САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија), пишува италијанскиот весник.

Според медиумот, четирите фази на планот ќе бидат завршени по ред, при што секој чекор ќе ја тестира довербата на вклучените страни пред да се почне следниот чекор.

Прво би настапил прекин на огнот и демилитаризација на линијата на фронтот во источна Украина.

Оттука би произлегле мултилатерални преговори за идниот меѓународен статус на Украина – дали земјата ќе се приклучи во ЕУ или не и каква форма ќе има нејзината неутралност.

Трето, Украина и Русија би преговарале за договор за статусот на Крим и украинските отцепени републики Доњецк и Луганск.

Конечно, планот повикува на мултилатерален договор за мир и безбедност во Европа, фокусирајќи се на разоружувањето и контролата на вооружувањето, како и на повлекување на руските сили од територијата што во моментов ја имаат освоено во Украина.

Овој потфат ќе го надгледува „Меѓународна група за помош“, во која би биле земјите од ЕУ и ОН. Ла република не ги именува сите земји што би биле вклучени, но шпекулира дека во потесниот избор може да се најдат Франција, Германија, Италија, Турција, САД, Кина, Канада, Велика Британија, Полска и Израел.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска за новинарите изјави дека Москва не е запознаена со планот освен што прочитала „за неговото постоење во медиумите“. Сепак, Песков додаде дека „учеството на секој што може да помогне да се постигне договор е добредојдено“ и дека „никој не одбива каков било вид искрен напор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ