сабота, 27 јули 2024

Италија одби да учествува во напади врз воени цели на Хутите во Јемен

Италија одби да учествува во американските и британските напади врз воените цели на јеменските бунтовници Хути во Јемен, изјави денеска неименуван извор од италијанската влада за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворот истакна дека Италија претпочита да води мировна политика во регионот на Црвеното Море.

Изворот истакна дека италијанската влада мора да добие поддршка од парламентот за војската да учествува во каква било акција и затоа е невозможно брзо одобрување.

САД и Велика Британија погодија повеќе воени цели на Хутите во Јемен од воздух и од море, додека Холандија, Австралија, Канада и Бахреин обезбедија логистичка и разузнавачка поддршка, изјавија американски официјални лица.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави за Ројтерс претходно оваа недела дека нападите на Хутите мора да бидат запрени без предизвикување нова војна во регионот.

Минатиот месец, САД и други земји започнаа операција за заштита на цивилни бродови во Црвеното Море.

Италија во декември објави дека ќе испрати поморски брод во Црвеното Море по барањето за заштита од сопственици на бродови, но не се пријави за мисијата предводена од САД, а другите членки на ЕУ, исто така, се чини дека се дистанцираат од иницијативата, пренесе британската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ