сабота, 27 јули 2024

Италија: Минатата година го предупредивме лично Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да стори повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин за да се стави крај на војната во Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Гвидо Крозето за дневниот весник Ил Месаџеро изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да ја запрат руската агресија и дека го прецениле нејзиното економско влијание во светот.

„Наместо тоа, единствениот начин за решавање на кризата е сите да бидат вклучени, прво да се воспостави примирје, а потоа мир“, изјави Крозето. На забелешката на новинарот дека Путин не покажал волја за преговори, Крозето одговори дека „тоа е добра можност да се обидеме повеќе“.

„Не смееме да пропуштиме ниту еден дипломатски пат, без разлика колку е тесен“, посочи тој. Крозето, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина со цел „да се обезбеди време и услови за постигнување прекин на огнот и мир“.

Министерот за одбрана на Италија предупреди дека во случај Русија да го окупира Киев, „тоа неизбежно ќе доведе до конфликт со други земји кои нема да прифатат руски тенкови да се наоѓаат на нивните граници“.

Тој ја нарече минатогодишната украинска контраофанзива грешка со оглед на воената супериорност на Русија и рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека таа е осудена на неуспех, „но тој не бил сослушан“.

Италија во моментов претседава со групата Г7.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ