петок, 26 јули 2024
Премиерката Мелони ќе ги посети новите центри

Италија ќе испраќа мигранти пронајдени на море во Албанија

Градежни работници во Албанија напорно работат на трансформирање на поранешна воена воздушна база во центар за мигранти под италијанско управување пред пристигнувањето на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која ќе отпатува таму оваа недела за да провери како напредуваат работите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Мелони се очекува утре да го посети поранешниот аеродром во Ѓадер, неколку дена пред изборите за Европскиот парламент.

Таму булдожерите го израмнуваат теренот за да може да се постават новите контејнери кои пристигнуваат од Италија, кои ќе се користат за сместување на мигрантите.

Италија се договори со Албанија дека центрите ќе бидат изградени во Ѓадер и уште еден крајбрежен град, Шенѓин, за сместување на мигрантите кои се спасени на море од италијански бродови. Тие ќе останат таму додека се обработуваат нивните барања за азил.

„Порано некој ни помогна со тоа што не прифати како бегалци, сега ние треба да го сториме истото“, изјави Ѓок Пренга, пензионер од Ѓадер, од чија куќа се гледаат белите контејнери. „Не гледам проблем мигрантите да пристигнат овде“.

Сѐ уште не се знае кога центрите ќе почнат со работа, имајќи предвид дека првичниот рок за нивно отворање на пролет е веќе поминат.

Своевремено, договорот предизвика критики од активистите кои се борат за човекови права. Тие веруваат дека на италијанските судови ќе им биде потешко брзо да ги обработат барањата за азил од мигрантите или жалбите од лица лоцирани во друга земја, таквите долги процедури би можеле прекумерно да ги оптоварат мигрантите.

Во исто време, многу Албанци стравуваат дека новата ситуација може да влијае на безбедноста на земјата и нејзината туристичка индустрија.

Договорот заврши во албанскиот Уставен суд во јануари, но пресудата беше донесена во корист на владата на премиерот Еди Рама.

Додека претставниците на ОН го критикуваа договорот меѓу Италија и Албанија, Европската комисија рече дека договорот не изгледа како кршење на правото на ЕУ, бидејќи е надвор од нејзината јурисдикција.

Сличен договор меѓу Велика Британија и Руанда некогаш беше жестоко оспоруван, при што адвокат од владата на Обединетото Кралство во понеделникот изјави дека Британија планира да започне со депортација на баратели на азил во Руанда на 24 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ