Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, најавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори два центри за обработка на мигранти во Албанија, која не е членка на ЕУ.
Во едниот центар мигрантите би биле прегледани по пристигнувањето, а во другиот би биле додека се обработуваат нивните барања за азил. На мигрантите потоа ќе им биде дозволено да влезат во Италија или ќе бидат вратени во татковината.
Договорот беше оспорен пред албанскиот Уставен суд од претставници на опозициската Демократска партија, кои тврдат дека тој го прекршува уставот со пренесување територија и државни овластувања на друга земја.
Уставниот суд ги отфрли нивните приговори и даде зелено светло за договорот минатиот месец. Брисел рече дека италијанските планови не ги прекршуваат законите на ЕУ.