петок, 1 ноември 2024

Италија ја тресе шпионски скандал, вмешан е и Мосад

Италија ја тресе голем шпионски скандал откако приватна истражна компанија наводно украла податоци на политичари, вклучувајќи ја премиерката Џорџа Мелони, а вмешан е и израелски Мосад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата која ја сочинуваат сегашни и поранешни припадници на службите за безбедност наводно ги украла податоците за да уценува политичари.

Во зделки со оваа компанија, чие седиште е во Милано, бил вклучен и израелски Мосад. Мелони наводно заговорот го опишала како „неприфатлив“ и „закана за демократијата“.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето побара итна парламентарна истрага, поради загриженоста дека би можеле да бидат загрозени државни тајни. Тој кажа дека личните податоци кои биле изложени се врвот на сантата мраз. Италијанските медиуми оваа афера ја опишуваат како заговор од највисоко ниво во која се вклучени мафијаши и разузнавачки функционери заедно со странски разузнавачки служби, вклучувајќи го Мосад.

Поранешен високорангиран полицаец кој ја предводи Екуализ, приватната деловна разузнавачка компанија, е главниот осомничен во истрагата и обвинет е дека хакирал сервери на владините министерства и полицијата од 2019 до 2024 за да направи голема архива полна со доверливи и чувствителни податоци кои ги продавал или планирал да ги продаде на купувачи.

Повеќето клиенти на фирмата се големи компании или големи адвокатски фирми кои биле заинтересирани за пристап за да стекнат предност во однос на конкуренцијата, да добијат судски случаи или за изнуда.

Според италијанскиот весник Кориере дела сера, инспекторите пресретнале посета на двајца неидентификувани Израелци опишани како разузнавачки агенти кои сакале да продадат информации за иранскиот гас кои би можеле да бидат интересни за италијанската влада, гасните компании, ЕНИ и информации за нелегална трговија на гас со Иран.

Весникот наведува дека посетата ја координирал поранешен полицаец кој работи за италијанските разузнавачки служби, човек идентификуван како Лоренцо де Маркио, и дека израелските агенти барале помош во идентификувањето на акции на руски хакери и руски банкарски трансакции поврзани со паравојската Вагнер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ