сабота, 27 јули 2024

Италија ја прошири програмата за одземање на децата од мафијашите

Италијанските власти соопштија дека на Сицилија и во регионот Наполи ќе се прошири програмата за одземање на децата од родителите мафијаши, за тие да не тргнат по нивните криминални стапки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Програмата, воведена во 2012 година, има за цел да го прекине циклусот на предавање на мафијашките активности на следната генерација.

„Тоа е историски момент во борбата против мафијата“, кажа италијанскиот министер за правда Карло Нордио, претставувајќи го протоколот кој го потпишале пет министри, како и претставници на Конференцијата на италијански бискупи.

Програмата „Слободен избор“ ја основа судијата за малолетници Роберто Ди Бела во Калабрија, каде е седиштето на сега најмоќната италијанска мафијашка група Ендрангета.

Програмата сега ќе биде проширена на двете главни упоришта на организираниот криминал во земјата: на островот Сицилија каде што е седиштето на Коза ностра, и на подрачјето на градот Наполи каде што дејствува мафијашката група Камора.

Парламентарната група за борба против мафијата соопшти дека децата на мафијашите веќе од осум години учат да користат огнено оружје или да продаваат дрога.

Ди Бела кажа дека видел случаи кога деца биле приморани да ги убијат своите мајки за „да ја одбранат честа на семејството“.

Од почнувањето на програмата, околу 150 деца се сместени во старателски семејства или други заедници на тајни локации низ Италија.

Ди Бела кажа дека 30 мајки избрале да ги следат своите деца, а седум мајки соработуваат со правосудството.

Судијата додаде дека добивал и писма од осудени мафијашки босови во кои му се заблагодаруваат што помогнал во спасувањето на нивните деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ