Владата на Џорџа Мелони изгради два прифатни центри во Албанија, што е прв таков договор со земја од Европската унија која ги пренасочува мигрантите во земја што не е членка на ЕУ, но центрите се празни од ноември по противењето на судот.
Министерството соопшти дека патролниот брод се движел кон Албанија со 49 мигранти, а уште 53 превземени мигранти, кои ги покажале своите пасоши за да избегнат итно преместување, чекаат проверка на статусот во Италија. Преместувањето претставува нов обид на владата да ја спроведе својата политика откако судиите во Рим ја доведоа во прашање нејзината валидност и наредија првите две групи мигранти приведени во Албанија да бидат префрлени во Италија.
Контроверзноста околу планот, кој Мелони го гледа како камен-темелник на намерата на својата влада да ја ограничи имиграцијата, се врти околу пресудата на Европскиот суд на правдата минатата година, која не беше поврзана со Италија. Судот рече дека ниту една земја не може да се смета за безбедна дури и ако само еден дел од неа е опасен, поткопувајќи ја идејата на Рим за депортирање во Албанија на мигранти од избраната листа на безбедни земји, со цел брзо да се вратат во својата татковина.
Европскиот суд на правдата треба да го разгледа италијанскиот план во наредните недели и да разјасни дали е во согласност со законите на ЕУ.