недела, 19 мај 2024

Италија им забрани на невладините организации да користат аеродроми во близина на мигрантските рути

Италија соопшти дека авионите кои ги користат невладините организации за следење на бродовите со емигранти во неволја повеќе нема да може да полетуваат од аеродромите на островите Сицилија, Пантелерија и Лампедуза, кои се во близина на поморските рути.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката, која ја објави Италијанската управа за цивилно воздухопловство (ЕНАЦ), значително ќе им отежни на групите како Си воч да ги користат своите мали авиони за пребарување на централниот Медитеран за пловила на кои им е потребно спасување.

„Ова е чин на кукавичлук и цинизам на оние кои ги криминализираат невладините организации за политичка пропаганда“, порача Си воч на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека и понатаму планира да лета за да им помага на емигрантите во неволја.

ЕНАЦ соопшти дека тие авиони се „неоправдани“, претставуваат товар за службените спасувачки тимови и ризикуваат загрозување на безбедноста на емигрантите без документи.

Флавио ди Џакомо, портпаролот на Меѓународната организација за емигранти (ИОМ) на ОН, кажа дека италијанската одлука „може да спречи напори за спасување животи“.

Набљудувачките авиони на невладините организации редовно наоѓаат бродови во неволја и ги упатуваат спасувачите на нивната локација.

Си воч оцени дека целта на одлуката е да се спречи светот да види што се случува.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја презема должноста во 2022 година ветувајќи дека ќе го сузбие пристигнувањето на емигранти од Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ