Утре вечер на Вембли, Италија како шампион на Европа и Аргентина како шампион на Јужна Америка ќе имаат дуел, натпревар кој е наречен „Финалисима“.
Планот е ваквите дуели меѓу шампионите на двата континенти да станат традиција. Во минатото само двапати се одржале вакви средби, во 1985 победила Франција, а во 1993 победила Аргентина.
