сабота, 27 јули 2024

Италија ги укинува мерките за патниците кои влегуваат во земјата

Објавено на

часот

Сподели

Владата на премиерот Марио Драги постепено ги укинува епидемиолошките мерки откако на крајот на март заврши двегодишната вонредна состојба во државата. Ковид-сертификатите не се веќе потребни во ресторани или на туристички настани. Луѓето сè уште мора да носат маски во јавниот транспорт, болниците и установите за нега.

Бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус во последните неколку недели е во пад во Италија, земја со речиси 60 милиони жители. Властите пријавија нешто повеќе од 7.500 нови случаи во последните 24 часа и приближно 60 смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ