сабота, 27 јули 2024

ИСВ: Русите составија „царски воз“ долг 30 километри кај фронтот (ФОТО)

Во својата најнова анализа на ситуацијата во Украина, Институтот за проучување на војната (ИСВ) тврди дека руските сили изградиле бариера долга 30 километри наречена „царски воз“ во окупираната област Доњецк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот институт претпоставува дека бариерата ќе служи како одбранбена линија против идните украински напади. Сателитските снимки од 10 мај 2023 година и 6 и 10 февруари 2024 година покажуваат дека во изминатите девет месеци, руските сили поставиле долга низа вагони што се протегаат од окупираната Оленивка до Волноваха.

Украински извор објавил дека Русите собрале повеќе од 2.100 товарни вагони во воз долг 30 километри. Изворот додал дека склопувањето на возот започнало во јули минатата година. Железничката пруга помеѓу Оленивка и Волноваха е оддалечена приближно шест километри од фронтот.

Таа област на фронтот беше релативно неактивна кога руските сили почнале да го склопуваат возот. Русите неодамна остварија маргинални територијални придобивки во таа област. ИСВ предупредува дека не треба да се игнорира можноста склопениот воз да има и други цели, освен да служи како бариера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ