сабота, 27 јули 2024

Истражување: Волци мутанти во Чернобил станале отпорни на рак

Се чини дека волци мутанти кои талкаат по пустите улици на Чернобил развиле отпорност на рак, давајќи надеж дека ова откритие би можело да им помогне на научниците во борбата против таа болест кај луѓето. Нуклеарен реактор експлодира во украинската централа во 1986 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани од градот поради тоа што експлозијата ослободи радијација која предизвикува рак. Областа од тогаш е напуштена, со Чернобилска забранета зона, формирана за да се пречи влез на луѓе во областа од 2.600 квадратни километри каде радијацијата сè уште претставува ризик.

Луѓето можеби не се вратени, но дивите животни како волците талкаат во пустошот на евакуираниот град повеќе од 35 години по катастрофата. Кара Лав, еволуциска биолошка и екотоксиколошка од Универзитетот Принстон во Соединетите Американски Држави, проучува како чернобилските волци преживуваат и покрај изложеноста на радиоактивни честички со генерации.

Лав и тим истражувале ја посетиле Чернобилската зона и им ставале околувратници за да може да се следи нивното движење. Таа вели дека околувратниците на тимот му овозможуваат „мерења во реално време каде и колку волците се изложени на зрачењето“.

Тие собрале и примероци од крв за да сфатат како телата на волците реагираат на зрачењето кое предизвикува рак. Истражувачите откриле дека чернобилските волци се озложени на зрачење од над 11,28 милиреми секој ден во текот на својот живот, што е повеќе од шестпати повеќе од законската безбедна граница за човекот.

Лав открила дека волците го измениле имунолошкиот систем слично на пациентите со рак подложени на лекување со зрачење, но, што е уште поважно, идентификувала и одредени делови на генетски информации кај животните кои ги правеле поотпорни на зголемениот ризик од рак.

Многу истражувања на луѓе откриле мутации кои го зголемуваат ризикот од рак, на пример со присуство на варијанта на БРЦА генот, што ја засилува веројатноста дека жената ќе развие рак на дојка или јајници. Меѓутоа, Лав настојувала да идентификува заштитни мутации кои ги зголемуваат изгледите за преживување во случај на заболување од рак.

Пандемијата на коронавирусот и војната во Украина ги спречиле Лав и нејзините соработници да се вратат во Чернобил во последните години. „Нашиот приоритет се тамошните луѓе и соработниците да бидат што побезбедни“, кажа таа. Лав ги претстави своите наоди на годишната средба на Здружението на интегративна и компаративна биологија во Сиетл минатиот месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ