недела, 19 мај 2024

Истражување: Полјаците не се плашат дека војната од Украина ќе премине кај нив

Мнозинството Полјаци не се плашат дека војната од Украина ќе се прелее во нивната татковина, додека страв дека конфликтот може да се прошири изразуваат 27,3 отсто од Полјаците во новата анкета на агенцијата ИБРиС за полскиот весник Жечпосполита.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

53,6 отсто од Полјаците не се плашат дека војната може да ја погоди Полска, 27,3 отсто изразуваат страв, додека 19,1 отсто не знаат.

Најголем страв од проширување на конфликтот има кај постарите од 70 години, во групата во која се плашат 39 отсто од испитаниците, со основно образование 45 отсто и кај активните верници 44 отсто.

Кога Русија ја нападна Украина, во слично истражување од март 2022 година, малцинството Полјаци, 45 отсто од нив, беа убедени дека војната нема да се прошири во Полска.

Полските власти не реагираа на изјавата на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба во почетокот на неделава дека американскиот противракетен систем „патриот“ во Полска може да го брани и воздушниот простор над западна Украина, што инаку би можело да послужи како изговор за Русија да го ескалира конфликтот.

„Ова би овозможило заштита на земјите на НАТО од руски ракети, кои исто така можат да слетаат на нивна територија“, изјави Кулеба за украинската телевизија.

Портпаролот на Советот за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, ја отфрли можноста американски војници да бидат вклучени во борбени операции во Украина и предлогот на претседателот на Украина Володимир Зеленски да се ангажираат сојузниците на НАТО, како што направија САД во Израел, и од територијата на членки на НАТО да ги соборуваат руските ракети над Украина.

„Тоа е сосема поинаков конфликт. Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека американската војска нема да учествува во таа војна. Нема да се вклучиме во борбени операции“, изјави Кирби, пренесе денеска полското радио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ