Според денес објавеното истражување на Меѓународниот институт за стратегиски студии (ИИСС) Русија троши повеќе од 30 отсто од својот буџет на војската. Државите од НАТО во последната деценија ги зголемиле трошоците за војските за 30 отсто.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предизвика бурни реакции неделава кога им приговори на некои членки на НАТО дека не го исполнуваат минималното вложување во војската, кое изнесува 2 отсто од државниот буџет. Трамп кажа дека поддржува напади на членки на Алијансата кои не го исполнуваат тој услов.
Во истражувањето на ИИСС пишува дека САД и Европа го засилуваат производството на проектили и муниција, со фокус на артилеријата и системите за противвоздушна одбрана, кои биле занемарени од крајот на Студената војна. Кина и Русија се повеќе фокусирани на нови технологии, како хиперсоничните проектили кои патуваат и до пет пати побрзо од звукот, што ги прави исклучително тешки за пресретнување.
„Повторно се вложува и во нуклеарното оружје. Кина гради нови силоси за проектили, а САД ги модернизираат боевите глави и доставните системи“, се наведува во извештајот. ИИСС веќе 65 години го објавува извештајот во кој ја следи состојбата на сите војски во светот.