сабота, 20 април 2024

Истражување: Можна поврзаност меѓу цревниот микробиом и појавата на аутизам

Објавено на

часот

Сподели

Аутизмот е развојно нарушување што влијае на комуникацијата, социјалната интеракција, однесувањето и интересите на една личност. Тоа се нарекува нарушувања од „спектрумот“, бидејќи, по правило, различно влијаат на луѓето. Според американските центри за контрола и превенција на болести, повеќе од 75 милиони луѓе ширум светот се на тој „спектрум“.

Научниот труд на тимот научници од Универзитетот „Бар-Илан“ во Израел откри значајни разлики во алфа и бета-различноста кај луѓето со аутизам. Во истражувањето учествувале 96 лица со аутизам и 42 невротипни лица. Дополнително, утврдено е дека одредени видови бактерии се позастапени кај лицата со аутизам.

Посебно се истакнуваат зголемената алфа-различност и поголемото ниво на некои бактерии кај лицата со аутизам. Вообичаено, намалената алфа-различност се поврзува со лошо здравје, но нејзиното неочекувано зголемување влијае и на невролошки нарушувања. Бактериите коишто вообичаено се присутни во дигестивниот тракт на човекот може да предизвикаат негативни здравствени ефекти кога се присутни во прекумерни количини.

Натамошни експерименти на новородени глувци тестирани со бактеријата „Bacteroides fragilis“ открија дисфункција на социјалното однесување, зголемено повторувачко однесување и дисрегулација на генската експресија.

„Нашето испитување покажува дека прекумерното присуство на „Bacteroides fragilis“, особено на рана возраст, може да има функционални последици за лицата со аутизам. Ова фрла нова светлина врз сложениот однос меѓу микробиомот и невро-развојот кај лицата со аутизам“, вели проф. д-р Еван Елиот.

Ефектите особено се забележани кај машките глувци, што укажува на можна полова специфична подложност на фактори на животната средина коишто придонесуваат за развој на аутизам. Ова откритие ја нагласува потребата од натамошна истрага за родовите специфични аспекти на спектарот на аутизмот и улогата на микробиолошкиот состав, сметаат истражувачите.

Потребни се дополнителни научни истражувања за да се утврди дали манипулирањето со цревниот микробиом може да биде остварлив пристап во лекувањето аутизам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ