сабота, 27 јули 2024

Истражување: Поддршката на Британците на кралското семејство на историски минимум

Објавено на

часот

Сподели

Анкета на Националниот центар за социјални истражувања покажува дека само тројца од 10 Британци мислат дека монархијата е „многу важна“, што е најниска поддршка во историјата, објави Гардијан.

Според резултатите на анкетата, вкупно 45 отсто од анкетираните кажале дека монархијата треба да се укине, дека воопшто не е важна или не е многу важна.

Во анкетата минатата година, 35 отсто од анектираните дале еден од тие три одговори.

Новото истражување покажало дека бројот на оние на кои монархијата им е „многу важна“ е  а најниско ниво од почетокот на собирањето податоци во Британија во 1983 година.

Само 12 отсто од младите од 18 до 34 години ја сметаат монархијата за „многу важна“, во споредба со 42 отсто од оние кои имаат 55 и повеќе години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ