петок, 13 декември 2024

Истражниот комитет на Русија тврди дека открил врска меѓу терористите и украинските специјални служби

Истражниот комитет на Русија соопшти дека открил врска меѓу напаѓачите на Крокус сити хол во Москва и украинските специјални служби, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Истрагата веќе добила значителни информации за околностите на подготовката на терористите за злосторството, што може да укажува на нивна поврзаност со украинските специјални служби“, се наведува во соопштението на комитетот.

Се додава дека во моментов во кривичната постапка се идентификувани 11 лица кои учествувале во извршувањето на тешкото кривично дело во кое на 22 март беа убиени 144 лица, дека сите тие се обвинети и дека им е одреден притвор.

„Се спроведуваат истражни дејства и дејства од оперативно трагање со цел идентификување и приведување на други учесници во кривичното дело, извршители, соучесници и организатори“, се наведува.

Руската истражна комисија соопшти пред три дена дека проверува можна „украинска трага“ во нападот на посетителите на концертната сала во предградието на Москва, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.

„Истражителите успеале да повратат податоци од мобилните телефони на оние кои се обвинети дека го извршиле нападот на салата Крокус сити, се наведува во соопштението на Истражниот комитет, надлежен за главните истраги во земјата.

Според податоците од мобилните телефони, еден од обвинетите на втората годишнина од рускиот напад на Украина, на интернет пребарувал и нашол фотографии од влезот во концертната сала и ги испратил на надредениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ