По претходен договор и заедно, тие на 17 март во возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија превезувале психотропна супстанција амфетамин во вкупна количина од 1.491 грама, соопшти вечерва Јавното обвинителство.
Амфетаминот, информира МВР, се нафатиле да го пренесат за трето лице по кое се трага, за сума од 300 евра. Пратката во три најлонски пакувања ја презеле од локација во Аеродром и ја сокриле под хаубата на автомобилот. Со себе ја зеле и девојката на второосомничениот за која е поведена постапка за – непријавување кривично дело или сторител од член 364 став 2 од Кривичниот законик. Возејќи кон Гевгелија и кон локацијата на која требало да го остават амфетаминот, биле запрени од полициски службеници пред наплатната станица во близина на селото Смоквица. Поради претходни оперативни сознанија, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и извршен претрес на возилото, при што била пронајдена психотропната супстанција.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.