сабота, 21 декември 2024

Истрага за смртта на 64-годишен маж пронајден мртов во автомобил во Црна Река

Обвинителството од Кавадарци презема повеќе дејства за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.

Објавено на

часот

Сподели

При првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште не е доставен до обвинителството.

„Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација“, велат од Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ